Министерот за финансии Фатмир Бесими во емисијата 24 анализа рече дека ќе се прави ребаланс на буџетот.
– Се работи за сите вработени во јавниот сектор, тука се 85 000 вработени опфатени со ова што го постигнавме денес со синдикатите во рамките на колективниот договор. Синдикатите и владата и во иднина ќе продолжат со соработката. Тука влегуваат сите вработени во државана асминистрација на централно ниво, буџетските корисници и во установите. Буџетот годинава ќе има ребаланс и тука имаме два основи, милијарда и 400 денари во однос на пораст на платата, заклучно со септемвриската. Офатени се три плати и се однесува за к-15 кое го зголемивме на 10 000 денари и тоа го немаше во буџетот и со ребалансот го ставаме дополнително. Ќе треба да намалиме од одредени ставки и очекуваме приходите да се реализираат и затоа се прави во септември. Ќе имаме простор соодветно да го калкулираме. – вели Бесими.