ЈП „Водовод и канализација“ лаже дека не барало поскапување на водата, кажа претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски, откако претходно од јавното претпријатие соопштија дека во медиумите се појавила лажна вест.
Бислимоски во изјава за „СДК.мк“ кажа дека на 11 ноември добиле барање од „Водовод“ за утврдување на тарифа за водна услуга, потпишано од тогашниот в.д. директор Марјан Митовски.
– Ако не сакаат да поскапи водата, како што велат сега, нека ги повлечат барањата. Ама бидејќи не знаат што сакаат и лажат, ние конечна одлука нема да донесеме, кажа Бислимоски.