Шпанија и Аргентина не постигнаа гол во регуларните 90 минути од финалето на Светското првенство 2026, па натпреварот продолжува со дополнителни 30 минути. Резултатот остана 0:0, а доколку и по продолженијата нема победник, светскиот шампион ќе биде решен по изведување пенали.
Шпанија беше подобриот и поопасен тим во регуларниот дел. Имаше поголема иницијатива, создаде неколку добри можности и повеќепати се закани кон голот на Аргентина, но не успеа да ја искористи предноста и да постигне погодок.
Аргентина, предводена од Лионел Меси, разочара во офанзивата. „Гаучосите“ не создадоа ниту една вистинска шанса за водство и не упатија ниту еден удар кон шпанскиот гол.
Во продолженијата Аргентина ќе игра со фудбалер помалку, откако Енцо Фернандез беше исклучен во 90+2. минута.
Во 90+8. минута Ламин Јамал упати опасен удар, но аргентинскиот голман Емилијано Мартинез успеа да одбрани и да го задржи резултатот 0:0.
Светот вечерва ќе го добие новиот шампион, но одлуката ќе мора да почека најмалку уште 30 минути, а можно е и пенал-серија.
