Поради дефект ф-100 мм на бул.„Видое Смилевски Бато“ бб во близина на Жито Маркет, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од булеварот – од број 39 до брoj 91.

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:15 часот до завршување со санација на дефектот.