Поради дефект на водоводна мрежа Ф80 милиметри на улица „Плачковица“ број 5 без вода се корисниците од оваа, како и од улиците „Гвадалахара“, „Јури Розентал“, „Гарибалди“, „Ѓорѓи Пенков“, „Селачка Планина“, „Волт Дизни“ и дел од „Вашингтонска“ во населбата Шуто Оризари.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето е прекинато во 12:50 часот и ќе траа се до отстранување на водоводниот дефект.