Прекин на водоснабдувањето денеска од 13:20 часот ќе имаат дел од корисниците од Општина Гази Баба.

– Поради уличен дефект ф-100 милиметри на улица „Жан Жорес“ бб без вода ќе бидат корисниците од улиците „Благоја Стевковски“ и „Жан Жорес“ во Маџари, Хиподром и Трубарево, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.