Без вода денеска ќе бидат улиците „Козара“ во Центар и „Перо Наков“ во Гази Баба, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје.

Прекинот на водоснабдувањето на дел од „Козара“, како што информираат од претпријатието, е поради скината цевка од страна на приватна фирма на улица „Козара“ број 26, а водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.

Без вода поради дефект на затворач 250 мм ќе бидат и корисниците на дел од улицата „Перо Наков“ без број, потегот од булевар „Киро Глигоров“ до МЗТ, а водоснабдувањето, исто така, ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.