Без вода утре од 9:00 часот ќе бидат дел од корисниците од населбата Водно, лоцирани на улиците „Охридска“ и „Петричка“.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна цевка на улицата „Охридска“ број 50.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.