Без возачка дозвола возел над 100 км/ч . Денеска полицијата од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје го запрела патничкото возило „Фолксваген Голф“, кое го управувал М.Е. на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје.
Одземени возила поради учество во нелегални трки во Скопје
М.Е. се движел со брзина од 104 км/ч во населено место, каде што дозволената брзина била 50 км/ч. Поради ова прекршување на сообраќајните правила, полицијата го санкционирала. Дополнително, се утврдило дека возачот го управувал возилото без важечка возачка дозвола.
Полицијата ќе поднесе кривична пријава против М.Е. по член 297-а од Кривичниот законик. Пријавата е за безобѕирно управување со моторно возило. Што го доведува во опасност животот и безбедноста на други учесници во сообраќајот.
Извор: МВР