Најмногу прекршоци за брзина и минување на црвено во Скопје

Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека вчера, на 1 февруари 2026 година, системот „Безбеден град“ регистрирал вкупно 646 сообраќајни прекршоци.

Според официјалните податоци, за минување на црвено светло биле забележани 64 прекршоци. Најмногу од нив се случиле во Скопје – 35, додека во Тетово се регистрирани 5, а во Куманово 24 случаи.

За возење со брзина поголема од дозволената констатирани се 582 прекршоци. Најголем дел, 445, се забележани во Скопје, 36 во Тетово, 31 во Куманово, додека 70 прекршоци биле регистрирани на коридорите.

Забрани за управување со моторно возило

Притоа, од страна на МВР изречени се 101 забрана за управување со моторно возило по основ на двата вида прекршоци. Министерството апелира на внимателно управување со возилата и почитување на сообраќајната сигнализација за да се намали бројот на прекршоци и несреќи.