Безбедносни гаранции од Европа и САД се клучни за Украина во случај на постигнување мировен договор, порача украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на посетата на Хаг.
По разговорите со вршителот на должноста холандски премиер Дик Схоф, Зеленски нагласи дека на Украина ѝ се неопходни „правно обврзувачки гаранции“, особено во услови кога земјата не е членка на НАТО.
– Има многу прашања за тоа како можеме да добиеме заштита без да бидеме членка на НАТО, рече Зеленски. „Мора да добиеме поддршка и за нас е важно да ги имаме сите безбедносни гаранции“.
Тој посочи дека на вчерашните разговори во Берлин, европските и американските учесници ветиле конкретен придонес кон безбедноста на Украина. Сепак, Зеленски не прецизираше кои земји се подготвени да учествуваат во договорените мултинационални безбедносни сили.
Украинскиот претседател додаде дека документот со деталите за овие гаранции ќе биде објавен дури по постигнувањето прекин на огнот.
Зеленски информираше и дека следната рунда преговори ќе продолжи во американскиот град Мајами, каде што се очекува и одговор од Русија, нагласувајќи дека тој лично нема да присуствува на тие разговори.
Безбедносни гаранции од Европа и САД
