– Најмоќниот дел за мене беше кога ја гледав земјата и нејзината атмосфера. секој астронаут, секој што бил во вселената, велат дека тоа ги менува, гледаат и се воодушевени и зачудени од убавината на земјата, но истовремено и од нејзината кревкост. и за тоа гарантирам, рече сопственикот на компанијата блу ориџин, џеф безос.

Со шампањ и прегратки беше прославено успешниото слетување на неговата ракета Њу Шепард, а во која друштво му правеа неговиот брат Марк, 82-годишната Воли Фанк која е најстариот човек кој некогаш летал во вселената и 18 годишниот холанѓанец Оливер Дејмон, првиот патник кој го плати своето место во ракетата, но и најмладиот посетител на вселената.

Безос кој е најбогатиот човек сака да ги нуди вселенскиот туризам на луѓето, но неговата заработка вели дека е од еколошка природа. Тој и претходно изјавуваше дека тешката индустрија која загадува треба да се премести во вселената, а Земјата да се задржи како еден прекрасен скапоцен камен. Денешнит ден колку и да бил адреналински и забавен, сепак е важен затоа што е прв чекор кон нешто големо, смета Безос.

-Ќе изградиме пат кон вселената за нашите деца и нивните деца да можат да ја градат иднината и тоа треба да го сториме. мораме за да ги решиме проблемите тука на земјата.

Денешниот четиричлен екипаж во вселената одлета со ракетата направена во компанијата Блу Ориџин на Безос. Капсулата ги има најголемите прозорци кои нудат спектакуларна глетка кон планетата. Летот е автоматизиран без пилоти, а кога капсулата ќе се одвои од ракетата и достигне висина од сто километри, екипажот 4 минути се наоѓа во безтежинска состојба и се ужива во погледот на планетата земја од вселената. Безос не е првиот милијардер кој со сопствена ракета краток период престојуваше во вселената. Пред десетина дена, таа привилегија за себе ја обезбеди, сопственикот на Вирџин, Ричард Брансон. Но, Безос внимателно го избра денот за да се поклопи со годишнината од слетувањето на Аполо 11 на Месечината пред 52 години.