Од почетокот на руската инвазија врз Украина, информациите за руските жртви се оскудни. Додека украинската Влада сега тврди дека повеќе од 15.000 руски војници се убиени, руските власти признаа нешто помалку од 500 смртни случаи на 2 март. Оттогаш тие немаат официјални информации.
Би Би Си Русиан спроведе детална истрага, потврдувајќи ги имињата и чиновите на 557 руски војници и офицери убиени во Украина, прелистувајќи ги социјалните мрежи и локалните објави и разговарајќи со роднините.
Истрагата покажа дека 15 од 85 руски региони не објавиле никакви информации за локалните војници убиени во Украина.
Но, во една таква област, регионот Кемерово во Сибир, Би-Би-Си, со помош на локалните жители кои побараа да бидат анонимни, ги утврди идентитетите и гробовите на седум војници и офицери.
Неколку часа по објавувањето на истрагата на Би Би Си, властите во Кемерово соопштија дека 13 војници биле закопани во регионот од почетокот на војната во Украина.
Постојат докази за зголемен притисок врз локалните новинари, а некои претходни извештаи за загинати војници во акцијата се избришани.
Еден сибирски новинар изјави за Би Би Си: „На сите локални медиуми им е наложено да не објавуваат никакви податоци за загубите во Украина. Постојат случаи кога локалните власти вршеле притисок врз роднините на жртвите, барајќи од нив да молчат“.
Тој истакна и што им се зборува на роднините на жртвите.
– Им велат: Не треба да правиме врева сега, ќе најдеме начин да им изразиме почит на вашите момчиња подоцна, тврди сибирскиот новинар.