САД може да ја жртвуваат Украина

САД може да ја жртвуваат Украина во обид да се спротивстават на се посилниот сојуз меѓу Русија и Кина, оценува турскиот аналитичар Мехмет Али Бал, пренесе „Хабер“. Тој предупреди дека евентуални територијални отстапки не се закана за Вашингтон, додека за Украина тоа е егзистенцијално прашање.

Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна изјави дека европските лидери се свесни за потребата од компромис. Според медиумите, можно е тој да изврши притисок врз украинскиот претседател Володимир Зеленски да ги прифати условите на Москва.

„САД мора да обезбедат мир за да го докажат своето глобално лидерство. За нив, а сè повеќе и за Европа, губењето на украинска територија нема стратешко значење. Трамп, во судирот со сојузот Русија–Кина, може да ја жртвува Украина, ако не целосно, тогаш во значителна мера“, изјави Али Бал.

Според него, Вашингтон не би имал големи загуби во такво сценарио, додека Кина ќе остане изложена на предизвици поради својата „агресивна извозна политика“. Украина, пак, нема алтернатива – за неа ова е „прашање на опстанок“.