Граѓаните на социјалните мрежи апелираат за претпазливост на паркингот во Скопје Сити Мол. Наводно, група крадци ги извршува кражбите преку ловење сигнал за автомобилот, а таргет им се понови автомобили.

Познатиот инфлуенсер Боемот за ова објави на својот Инстаграм профил.

БИДЕТЕ ПРЕТПАЗЛИВИ. Група крадци оперираат на паркингот во Сити Мол. „Ловат” сигнал на автомобили, ги отклучуваат (без да се скрши ништо) и крадат сѐ што има внатре. Само во текот на вчерашниот ден се извршени неколку кражби. Таргет им се понови автомобили. Бидете претпазливи и препратете го ова на сите кои паркираат на паркингот во Сити Мол!, пишува Никола Николовски – Боемот.