Уште едно предупредување на социјалните мрежи за туристите кои си заминуваат од Грција.

Туристка на фејсбук групата „Во живо од Грција“ сподели дека грчката полиција ги запира речиси сите возила и пишува казни.

– Можеби ќе му помогне на некого, на 10 километри пред Евзони и излезот од Грција полицијата го запира речиси сите возила и пишува казни. Ние поминавме со 50 евра, плативме на граница и излеговме без проблем, вели таа.