Зголемен број повреди поради паѓања во Скопје

Дваесет и двајца граѓани побарале помош во старата градска болница „Свети Климент Охридски“ во Скопје поради повреди предизвикани од паѓања. Лекарите информираат дека најчесто страдаат горните екстремитети. Директорот на Универзитетската клиника, Небојша Настов, за МТВ изјави дека за среќа, меѓу повредените нема повозрасни лица.

Различни коментари на граѓаните

Дел од граѓаните со кои разговаравме изразуваат задоволство од тоа како се исчистени улиците и тротоарите, додека други се жалат на потешкотии при пешачењето.

Бидете внимателни: Температурите ќе бидат до минус 10 степени

Лекарите препорачуваат граѓаните да избегнуваат излегување од дома освен ако не е неопходно, да носат соодветни обувки, а поранливите категории да користат помагала при пешачењето. Посебна внимателност ќе биде потребна во наредните денови, бидејќи се очекуваат температури длабоко под нулата.

Во среда се очекува температурите да бидат минус 10 степени.