Свештената бигорска обител со традиционално одбележување по повод втори август, Денот кога се слави споменот на светиот и славен пророк Илија, како и 120- годишнината од херојското Илинденско востание, информираа од манастирот.

– Централното трожествено празнување ќе се одбележи со Света архијерејска Литургија во прекрасниот преродбенски храм на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец во село Лазарополе, која ќе почне во 9 часот. Со Литургијата ќе чиноначалствува нашиот старец и игумен, неговото преосвештенство епископ Антаниски г. Партениј , додаваат од Бигорски.

Исто така утре ќе се одржи и Доксологија – молитва за татковината што ја востанови токму владиката Партениј.

– Свечениот чин на Доксологија – молитва за татковината и за покој на паднатите за слобода ќе се одржи во соборниот храм на Свештената Бигорска Обител и започнува во 14 часот, додека филхармонискиот концерт ќе почне во 20 часот. Честит Илинден и од Бога благослов. На многаја лета возљубена наша Татковино, посакаа од Бигорски манастир.

Покана за што помасовно присуство на Литургијата упати и месната заедница Лазарополе.

-Повелете, бидете присутни на литургијата, сите заедно да се помолиме за здравје и спасение за сите и за се! Да се помолиме за сите оние упокоени души кои ги положија животите за ова Свето парче земја – Македонија, стои меѓу другото во повикот.

Како што за галичани важи „каде и да си за Петроведен во Галичник да си“ за лазороплчани тоа е Илинден. Веќе се пристигнати голем брј поранешни жители и нивни потомци. Неизоставен белег на одбележувањето ќе биде и групата Мајовци, чии што предци потекнуваат од ова село од каде се доселиле во Дебар.