Бил и Хилари Клинтон предупредуваат на политички мотиви и потенцијални последици
Бил и Хилари Клинтон одбија да се појават пред Конгресот во рамките на истрагата за починатиот финансиер Џефри Епстин, оценувајќи ја постапката како „партиски мотивирана“.
Во писмо до републиканскиот пратеник Џејмс Комер, претседател на Комитетот за надзор на Претставничкиот дом, тие наведоа:
„Секој човек мора да одлучи кога му е доста. За нас тој момент дојде сега.“
Комер, пак, се закани дека ако не се појават, ќе ги прогласи за виновни за непочитување на Конгресот, што може да доведе до кривични пријави.
Хилари Клинтон на социјалните мрежи објасни дека и тие се обиделе да дадат „малку информации“ за истрагата, но дека Комер ја искористува постапката за да го одвлече вниманието од пропустите на администрацијата на Трамп:
„Тоа го направивме затоа што злосторствата на Епстин беа ужасни. Ако владата не направила сè што можела за да ги истражи, тоа треба да биде фокусот на вашата работа… Нема докази дека вие го правите тоа.“
Тие додадоа дека нема убедливо објаснување за активностите на комитетот „а да не е партиска политика“ и предупредија дека Комер треба да наложи нивно прогласување за виновни за непочитување на судот.
Во меѓувреме, администрацијата на Доналд Трамп му нареди на Министерството за правда да ги објави досиејата поврзани со истрагите за Епстин, кој беше познат како пријател на Трамп и семејството Клинтон, во согласност со законот за транспарентност од Конгресот.
