Косач на трева кој работел покрај патот Штип – Кочани бил тешко повреден откако бил удрен од автомобилот кој беше пронајден превртен во каналот.
Четиресет и двегодишен работник од Штип кој ја косел тревата покрај коловозот на експресниот пат Штип-Кочани e тешко повреден откако утрово бил удрен од возило марка „сеат леон“ управувано од 43-годишен возач С.М. од Пробиштип, по што со возилото се превртел.
Сообраќајната несреќа утрово го блокираше овој регионален пат, а по неколку часа пауза одново е пуштен во употреба овој патен правец.
Лицето со иницијали И.К., вработено како одржувач на патот, е тешко повредено и истото е пренесено во болница. Несреќата се случила на неколку километри на клучката кај Три Чешми.
Во тек е увид од страна на јавен обвинител.
Оваа сообраќајка е најнова во низата на несреќи кои се случија на оваа делница во изминатите недели и месеци.