Ал Наср пред Нова година потпиша договор со Кристијано Роналдо, кој ќе биде најзвучно засилување за екипата од Саудиска Арабија.
Богатиот клуб ја закажа промоцијата на Роналдо за вторник, а на трибините се очекува да бидат околу 30.000 навивачи, кои за билет ќе мора да платат само четири долари.
Ова е уште еден доказ за тоа колку не им се важни парите на главните луѓе на Ал Наср, па сигурно навивачите ќе се „истепаат“ за да дојдат до билет.