Професорката Биљана Ангелова од економскиот институт е избрана за нов ректор на најголемиот и најстар универзитет во Македонија, „Свети Кирил и Методиј“.
Таа е втора жена ректор на УКИМ по Радмила Кипријанова и доаѓа на местото на Никола Јанкуловски, кој два мандати беше прв човек на УКИМ.
Ангелова во економскиот институт е вработена од 1992 година, во 2007 година првпат е избрана во највисокото научно звање научен советник/редовен професор во областа на деловни финансии, а од јуни 2016 година досега беше проректор за финансии, инвестиции и развој на УКИМ. Во овој период беше и претседател на комисиите за финансии и за издавачка дејност на универзитетот.