Компанијата соопшти дека го испитува воспоставувањето одржливи производствени капацитети во Руанда и Сенегал.

– Нашата цел е да развиеме вакцини во Африка и да воспоставиме одржливи производствени капацитети за вакцини со цел заедничко подобрување на медицинската нега, рече извршниот директор Угур Сахин.

Сахин додаде дека нема гаранција дека овие проекти ќе бидат успешни.

Сахин зборуваше за плановите по средбата со претседателот на Руанда, Пол Кагаме, со претседателот на Сенегал, Меки Сал и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, на маргините на економската конференција Договор на Г20 со Африка.

Според иницијативата, земјите од Африканската унија во моментов увезуваат 99 проценти од нивните вакцини. До 2040 година, оваа бројка треба да биде само 40 проценти.