Бислимоски го заокружува првиот мандат и се очекува да биде изгласан за втор мандат како претседател на Бордот на регулатори.
На состанокот регулаторите ќе ги отворат сите аспекти на енергетската состојба и како земјите од регионот се справуваат во предизвикот за обезбедување на електрична енергија и природен гас.
Во декември 2019 година, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), едногласно беше избран за претседател на Бордот на регулатори на Енергетската заедница на тогашниот редовен состанок, а сега го завршува двегодишниот мандат.