Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски денеска поднесе оставка, дознава Дојче веле.

Бислимоски утрово со писмо го информирал претседателот на Собранието дека се повлекува од фунцијата на која за првпат беше избран во јуни 2018 година. Бислимоски во оставката не ги наведува причините за повлекувањето. Одлуката не сака да ја коментира ни тој, ниту неговите соработници.

Вториот петгодишен мандат на Бислимоски завршуваше во јуни 2028 година. Во неговиот мандат, РКЕ повеќепати беше оценувана како еден од најдобрите регулатори во рамки на Енергетската заедница.