Денеска ќе се намалат цени на нафтените деривати, рече првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски, но не откри колкава ќе биде намалувањето.
Бислимовски рече дека во изминатата недела немало некое значително движење на цените на светските берзи но поради промените во курсот на доларот ќе има одредено намалување.
Бислимовски додаде дека РКЕ не измислува цени туку дека се води по цените на референтните берзи. Изрази надеж дека трендот на намалување на цената на суровата нафта ќе продолжи и дека нема повторно да имаме високи цени како во летото и во текот на октомври.