Фатмир Битиќи за „Трилинг“ вели дека граѓаните не треба да бидат загрижени за евентуалното поскапување на струјата бидејќи тоа ќе се однесува само на „најимотните граѓаните“.

Најголемиот број на корисници на електрична енергија не треба да бидат загрижени за цената на струјата. Имено, тие што се во тарифата 1 и 2 се некаде од прилика 97,8% од корисниците, повторувам дека само во блок тарифата 3 и 4 треба да има интервенции, но само кај оние кои трошат повеќе. Тие влегуваат во граѓаните кои се и поимотни, вели Битиќи.

Треба да се намалат субвенциите, но не кон граѓаните туку кон ЕСМ. Битиќи вели дека на крајот граѓаните нема да плаќаат повеќе.

Евентуалното менување нема да падне кај граѓаните, тоа ќе биде наменето за оние кои имаат повеќе за да биде поправедно креирањето на пазарната цена, вели Битиќи.

Битиќи коментира и за општиот колективен договор за плати и вели дека на крајот сите вклучени страни велеле дека ова е најдоброто нешто што можело да се случи.

За 70 отсто се зголемени платите во судството, тоа е далеку повеќе од инфлацијата, заклучи Битиќи на оваа тема како одговор на критиките кои ги донесе владата.

Битиќи вели дека треба да се размисли и за намалување на платите на функционерите. Тие пари треба да отидат кон оние на кои им се најпотребни.

Вицепремиерот вели дека треба да се изготви законска долгорочна методологија за пензиите.

Според него, најважни се граѓаните, а затоа вели дека пензионерите треба да имаат достоинствени пензии, но потсетува дека низ годините неколку пати биле покачени нивните пензии. Партизацијата на јавниот сектор е последица на недржавничкото однесување на оние кои владееја со децении, а тоа не е СДСМ, вели Битиќи.

Во однос на даноците вицепремиерот вели дека императив на секоја влада треба да биде златното правило.

Околу „Чебрен“ Битиќи е дециден дека ова е проект за иднината, а вели дека владата предводена од СДСМ успеала најмногу од сите влади досега во независна држава да направи нешто по ова прашање.

Чебрен е добиен со тендер за јавна постапка. Ова е 14-ти тендер, а досега имало и 13 неуспешни. Дел од нив од времето на ВМРО-ДПМНЕ. Наш императив беше дека „Чебрен“ е битен за зелената транзиција и затоа имаше јавен повик. Чебрен е проект кој чини 1,1 милијарда. Нашиот влог ќе биде откако ќе биде изграден за да видиме реално дека проектот ќе го има, затоа сакам да го разбијам овој мит, вели Битиќи.

На прашањето дали „Чебрен“ можело да го земе македонска компанија, Битиќи избегна конкретен одговор и вели дека 33 отсто е на македонската влада.

32 години слушаме за „Чебрен“, но ниту една влада не успеа да го доведе до фаза до каде ние го доведовме. Клучно за нас е да креираме иднина и стабилност за следните генерации. Да оставиме на времето да видиме дали е паметна одлука, а јас ви гарантирам за истото, додава тој.

На политичкото прашање околу влада со ДУИ, тој вели дека СДСМ како партија е спремна да разговара со сите политички чинители, па дури и со оние од опозицијата.

На прашњаето „Дали Фатмир Битиќи ќе биде премиер на Пржинската Влада“ Битиќи вели дека ако се бара профил на човек како него тој е спремен да го прифати тој предизвик, но не по цената дека е Албанец.