Изборите ќе бидат редовни, имаме ист став и во партијата и во коалицијата, рече вечерва потпретседателот на СДСМ и вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи.
Според него, претседателските и парламентарните избори треба да бидат одвоени, а за доброто на земјата може да се разговара за термините.
Како што истакна Битиќи во дневникот на ТВ Алсат М, сите партии што се отворени може да се обединат или во заеднички листи или во заеднички дух за подобра, европска иднина на државата.
-Во минатото докажавме дека имаме широк коалициски капацитет и со различни партии. И последните парламентарни избори во 2020 година беа во таков дух. Сега го нарекуваме европски фронт. Сите партии што се отворени можат да се обединат или во заеднички листи или во заеднички дух за подобра, европска иднина на државата, истакна Битиќи.