Тој додава дека Владата ќе продолжи да работи на тоа оние кои го изгубиле работното место за време на корона-кризата, да бидат што е можно побрзо вратени на работа.
– Ќе ни биде предизвик како преку програма да ги вратиме на работа оние кои ги изгубиле работните места. Основниот принцип на планот за вработување ќе ги таргетира оние кои изгубиле работа за време на коронакризата, вели Битиќи.
Тој додава дека исто така еден од главните приоритети е исплаќање на платите на оние вработени кои работат во загрозените индустрии во државата.
– Вториот приоритет е дали работодавците ќе ги исплатат платите на вработените. Средствата ќе ги дадеме на работодавачите за да исплатат плати, тоа е нивна законска обврска, вели Битиќи.