Сега повеќе од било кога е јасна неопходноста и итноста за диверзификација на изворите на енергија во нашата земја. Нашето учество во изградбата и долгорочното закупување на капацитет во терминалот „Александруполи“ е стратешка одлука која ќе го обезбеди идниното снабдување со гас на нашата земја, напиша вицепремиерот задолжен за економски прашања и инвестиции Фатмир Битиќи, на неговиот фејсбук профил.
Денеска во Грција, пред почетокот на церемонијата со која ќе се означи почетокот на изградбата на терминалот „Александруполи“, одржавме состанок со амбасадорот на САД во Грција Џефри Пајат, како и со амбасадорката на САД во Македонија Кејт Мари Брнз кои се наши стратешки партнери и ја поддржуваат реализацијата на овој проект од самиот почеток, објави Битиќи на фејсбук.