Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во емисијата „360 Степени“ на Алсат кажа која е причината за поскапувањето, прогнозирајќи до кога би можел да се очекува таквиот тренд.
-Она што е најважно е животниот стандард на населението и неговата куповна моќ. Отворено кажувам и дека гледаме, чувствуваме дека паѓа куповната моќ на граѓаните затоа што цената расте. Јас не сум од оние што прават споредби ако цените на производите се поевтини во регионот, затоа што не треба да се споредува бидејќи куповната моќ е различна и во регионот. Важно е што можеме да направиме. Тоа што сме во слободна економија, секоја државна интервенција не е во согласност со пазарните правила, но и покрај тоа направивме да замрзнат цените, но и ова има свои граници до кога. Мислам дека се постигнати максималните цени на прехранбените производи и моите предвидувања се дека тие всушност не треба да одат понатаму бидејќи нема фактори кои би требало да поттикнат уште поголем раст, рече тој.
-Во моментов има зголемување на маслото за јадење бидејќи имаме прекин во синџирот на снабдување, всушност сончоглед, сончогледово семе или нерафинирано масло да дојде овде и да го рафинира за да го извади по пониска цена, нагласи Битиќи.