Фатмир Битиќи, вицепремиерот за економски прашања, во емисијата „25 минути“ на ТВ 24 вели дека предлог-законот со кој ќе се воведе еколошка такса на горивата се носи по скратена постапка поради, како што вели тој, Парискиот договор за климатски промени.
– Мислам дека се уште не е дефинирано дали ќе оди со европско знаменце, тоа ќе видат правниците и ние тоа го прифаќаме дека така треба да биде. Меѓутоа ние сме меѓу оние земји кои треба да имаат дадено национален придонес кон Парискиот договор и затоа мислам дека не треба да се отстрани европското знаме од законот, рече Битиќи.