Сигурен сум дека БРТ решението кое го финансира ЕБРД не може да биде поштетно од автобуси кои собрааќаат, а се 30 години стари. За жал, состојбата во Скопје од 1980 година не наликува на еден град кој што е престолнина на земја која што аспирира да биде членка на ЕУ. Во град Скопје ни требаат решенија од 2040 и 2050 година и сметам дека БРТ е токму такво решение, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи за состојбите со јавниот превоз во главниот град од земјата.
Според него, БРТ е такво потребно решение за јавниот градски превоз.
-Деталите треба да ги оставиме на техничките служби. Жалам што не се седнува и да им се остави на најразумните и најповиканите да кажат кое е најдоброто решение за превозот во Скопје. Остануваме на ставот дека БРТ е решение кое треба да се спроведе во градот. Скопјани заслужуваат подобар, почист и поквалитетен превоз, изјави Битиќи на новинарско прашање.