Вицепремиерот и заменик-претседател на СДСМ, Фатмир Битиќи изјави дека терминот 20 отсто нема да бидат заменет со зборовите „албански јазик“ во Уставот.

Според него, освен промената на Преамбулата со вклучување на Бугарите во Уставот, експертската работна група нема мандат да разговара и за други промени во највисокиот правен акт на државата. Тој е уверен дека парламентарното мнозинство ги има потребните 80 гласови за уставни промени. Битиќи ги даде овие коментари во емисијата „200“ на Алсат.

Инаку, без уставните измени и внесување на Бугарите во Уставот, Македонија не може да го продолжи патот кон Европската Унија (ЕУ).