Битиќи посредуваше во воспоставувањето на Македонско-Швајцарска стопанска комора, со која ќе се допринесе за интензивирање на економската соработка помеѓу Македонија и Швајцарската Конфедерација.

– Со воспоставување на стопанската комора, економската соработка помеѓу Република Северна Македонија и Швајцарија ќе се развива со поголем интензитет, а со тоа и ќе се создадат многу нови можности за идни соработки и реализации, посочи Битиќи.

На средбата беа дискутирани и можностите за пласирање на домашните производи и компании на швајцарскиот пазар.

– За првпат во историјата на нашите билатерални односи, се конкретизираат нашите заложби и напори за поголема економска соработка преку воспоставување на билатерални односи. Стопанската комора, која ќе има оперативини канцеларии во двете земји, ќе претставува нов мост кој ќе ги зацрвсти и продлабочи економските реалации помеѓу двете земји, потенцираше Битиќи.

Во средбите со претставници на швајцарските компании, вицепремиерот Битиќи ги презентираше поволностите и можностите за инвестирање кои се нудат преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции и Законот за стратешки инвестиции, пришто од страна на претставниците на швајцарските компании е искажан првичен интерес за инвестирање во нашата земја.