Вчера Битокоин вредеше 55169 долари.
Вкупната вредност на криптоберзата денеска е 2,35 трилијарди долари со растеж од 5.3 проценти на дневно ниво.
Биткоин (англиски: Bitcoin) — платежен систем кој се појавил во 2009 година како програма со отворен код. Биткоинот е глобален децентрализиран електронски протокол и систем за директно (peer-to-peer, P2P) плаќање.
Ова е дигитална валута, уште се нарекува и виртуелна валута, електронски пари или криптовалута поради криптографијата која се користи при создавањето и трансферот. Најчесто, во англискиот јазик, кога се користи голема буква во името (Биткоин), се мисли на технологијата и мрежата, додека кога се користи со мала буква (биткоин) се однесува на дигиталната валута. Биткоинскиот систем не е контролиран од ниту еден ентитет, како на пример централна банка, поради што најчесто се нарекува децентрализирана валута.
Биткоините се создаваат преку процес кој се нарекува „рударење“ – користење на сметачката моќ на мрежата за верификација и запис на плаќањата јавно онлајн, во размена за провизија при трансакции и новосоздадени биткоини. Корисниците испраќаат и примаат биткоини преку програмски прилог наречен паричник, кој може да се користи на сметач, мобилен уред или како семрежен прилог. Биткоини можат да се стекнат со „рударење“, во замена за продукти, услуги или други валути.
Комерцијалната употреба на биткоинот е сѐ уште мала во споредба со шпекулациите, кои се причина за флуктуациите во цената. Користењето на биткоинската мрежа за плаќање на сервиси и услуги е во пораст и постојано се зголемува. Една од причините се ниските трошоци во споредба провизиите кај традиционалните кредитни картички кои се движат помеѓу 2 и 3 проценти. Најголемата биткоинска трансакција била извршена на 20 март 2014 година, за купување на вила во Бали, во износ од 500.000 американски долари. Првиот Биткоински митап во Македонија се одржал во Скопје на 24 април 2014 година, во кафулето на тенискиот центар „МТП“.