Биткоинот над 111.000 долари – нов историски рекорд, институциите ја туркаат цената нагоре

Биткоинот денеска ја надмина вредноста од 111.000 американски долари (околу 98.000 евра), поставувајќи нов историски рекорд на пазарот на криптовалути. За разлика од претходните циклуси на ентузијазам кои главно беа предводени од мали инвеститори, овој раст е резултат на засилен интерес од големите играчи на Вол Стрит и традиционалниот финансиски сектор.

БИТКОИНОТ СО НОВ ИСТОРИСКИ РЕКОРД – НАД 109.000 ДОЛАРИ!

Институционалците го менуваат крипто-пејзажот

Аналитичарите потенцираат дека големите инвестициски фондови, компании и финансиски институции сè повеќе го гледаат Биткоин како „дигитално злато“. Се покажа како безбедна резерва на вредност во време на инфлација и глобални економски неизвесности. Платформата CoinDesk наведува дека некои фондови дури финансираат купувања на Биткоин преку пазарот на капитал, што е нов и значаен тренд.

JP Morgan Chase – пресвртница во банкарството

Силен сигнал за пошироко прифаќање на криптовалутите доаѓа од американскиот банкарски гигант „JP Morgan Chase“, кој, според извештаите, почнал да нуди директен пристап до Биткоин за своите клиенти. Овој потег се смета за еден од најзначајните чекори кон интеграција на криптовалутите во традиционалниот финансиски систем.

Експерти: FOMO може да ја турне цената уште повисоко

Стручњаците предупредуваат дека ефектот познат како „FOMO“ (fear of missing out – страв од пропуштање) би можел повторно да ги активира и малите инвеститори, што дополнително би ја зголемило побарувачката и со тоа цената на Биткоинот. Ова сценарио би можело да доведе до нови рекорди во следните месеци.

Со актуелните трендови, Биткоинот не само што ја зацврстува својата улога како алтернативна инвестиција, туку сè повеќе се позиционира како легитимна финансиска алатка. Има потенцијал да игра значајна улога во идната глобална економија.

Извор: Кајгана