Пазарите на криптовалути се „олеснија“ за 270 милијарди долари за само 24 часа.

Падот од 13 отсто на биткоинот за еден ден е уште еден потсетник дека инвестициите во оваа криптовалута се ризични.

Во еден момент криптовалутата дојде до ниво од помалку од 50.000 долари, што е најголемата загуба во еден ден од ноември 2022 година.

Последен пат беше на ова ниво во февруари 2024 година, додека неговиот историски максимум беше 64.800 долари во април 2021 година.

Етериумот помина уште полошо – во еден момент изгуби дури една четвртина од својата вредност.