Битолчанецот З.Т. во текот на годинава набавил вкупно 25 фалсификувани банкноти во апоени од по 500 евра, за кои знаел дека се фалсификувани, со намера да ги пушти во оптек како вистински.

На 15 јуни, тој прво пуштил во промет пет фалсификувани банкноти од по 500 евра во филијала на банка во Скопје, без да бидат забележани од страна на вработениот во банката дека се фалсификат, по што на 17 јуни повторно пуштил во промет 20 фалсификувани банкноти од по 500 евра, во истата банка.

Со ова, тој пуштил во промет вкупно 12.500 фалсификувани евра, со што се стекнал со противправна имотна корист во вредност од 766.250 денари, на штета на банката.