Во стан во Загреб, полицијата открила 42 грама кокаин, девет пакетчиња со дрога, две дигитални ваги и поголема сума пари за кои постои сомнеж дека потекнуваат од препродажба, соопшти Министерството за внатрешни работи на Хрватска.

Истражните органи утврдиле дека 75-годишниот осомничен на засега непознат начин набавувал кокаин во поголеми количини, кој потоа го чувал, мерел и препакувал за понатамошна продажба, пишува „Индекс“.

Загрепската полиција не открива повеќе детали – ниту за точниот износ на запленетите пари, ниту за тоа дали осомничениот е веќе познат на органите на прогонот.