На настанот, како што е најавено, обраќање ќе имаат вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестици Фатмир Битиќи, заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава Џулијан Васало, координаторот на Меѓународната организација на трудот за Македонија, Емил Крстановски и претседателот на Бизнис конфедерација на Македонија, Миле Бошков.
Како дел од конструктивното одбележување на 20-годишнината на БКМ, вицепремиерот Битиќи ќе одговара на претходно поставени прашања од бизнис заедницата, велат организаторите.