Целта на настанот е да придонесе за развој на социо-економските односи помеѓу Република Турција, Република Северна Македонија и Република Косово, а ќе се потпише протокол за соработка на Стопанската комора на Македонија – Турција (MATTO), Стопанската комора на Македонија – Турција (КТТО) и Здружението на стопанственици и занаетчии „ЕСНАФ“ од Косово.

Според најавата од МАТТО, на настанот ќе се обратат вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за регионален развој на Косово, Фикрим Дамка, како и амбасадорите на Турција во државава Хасан Мехмет Секизкок и на Косово Приндон Садриу.

– Во рамки на овој настан ќе бидат презентирани економските показатели и можности за инвестирање во Република  Македонија и Република Косово и ќе бидат дискутирани можностите за поголема меѓусебна соработка во повеќе сектори и зголемување на обемот на трговска размена помеѓу двете земји. Во таа насока, настанот ќе биде заокружен со потпишување на Протокол за соработка помеѓу Стопанската комора на Македонија – Турција (MATTO), Стопанската комора на Македонија – Турција (КТТО) и Здружението на стопанственици и занаетчии „ЕСНАФ“ од Косово, најавуваат од МАТТО.