ВЛЕН ги пречекува членовите на АА во борба за достоинство и промени

Коалицијата ВЛЕН изрази добредојде и благодарност до членовите на АА, Алијансата за Албанците кои се приклучија на нивниот проект за промени. „Избраа достоинствено да застанат рамо до рамо со граѓаните во клучни моменти за иднината на Албанците во Северна Македонија“, соопшти ВЛЕН. Оваа одлука не е само политички став, туку чин на граѓанска одговорност.

„Во време кога личните интереси и пазарењата зад затворени врати се обидуваа да ја деформираат волјата на 107.000 албански гласачи, овие претставници покажаа дека политичкиот интегритет не може да се купи или отуѓи“, се вели во соопштението.

Пратеници, министри, директори и високи функционери се дистанцираат од Али Ахмети.

„Не се со кланот и планот на Ахмети, туку со граѓаните, надежта и промените“, истакна ВЛЕН.

Активисти, раководители на ограноци, младински и женски форуми од сите региони се приклучуваат.

„Вистинската Алијанса за Албанците, родена од потребата за фер и достоинствено претставување, денес е со ВЛЕН и граѓаните“, соопштија, нагласувајќи заедничка визија.

Оваа соработка е сојуз на вредности и посветеност за подобра иднина.

ВЛЕН го опиша движењето како неповратен процес за промени.

„Започнавме да носиме надеж там каде беше згасната, да им дадеме глас на игнорираните. Ќе ја вратиме државата во служба на граѓанинот“, порачаа. Проектот цели еднаквост, правда и достоинство за Албанците. „ВЛЕН е синоним за историски промени. Добредојдовте во заедничкиот дом на промените“, заклучија од коалицијата.