Сребро и две бронзи за македонската пливачка на митингот во Хјустон

Македонската пливачка Миа Блажевска-Еминова имаше извонреден настап на пливачкиот митинг „Биг Вест Конференс“ во Хјустон, Тексас, САД.

Таа беше дел од тимот на Универзитетот Хаваи кој го освои првото место на натпреварот.

Блажевска-Еминова се истакна во штафетните дисциплини, каде освои сребрен и бронзен медал. Дополнително, во индивидуалната дисциплина 200 јарди делфин заврши со бронзен медал и време од 1:59.62 минути, демонстрирајќи голема борбеност и спортска класа.