Државниот секретар на САД Ентони Блинкен ја поздрави продолжената недвосмислена поддршка на ЕУ за европската перспектива на Западен Балкан и заложбата кон процесот на проширување, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, по средбата на Блинкен со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жосеп Борел во Вашингтон.
– Државниот секретар ја поздрави продолжената недвосмислена поддршка на ЕУ за европската перспектива на Западен Балкан и заложбата кон процесот на проширување, и ја истакна потребата да се продолжи понатаму со пристапниот процес со Албанија и Северна Македонија, нагласи Прајс.
Како што јави „Гласот на Америка“, Прајс наведува дека секретарот Блинкен ја потврдил важноста од партнерството меѓу САД и ЕУ, и заложбата на САД да работат заедно со ЕУ да се спротивстават на заедничките предизвици.