Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска изјави дека не очекува голем напредок во американско-руските безбедносни разговори оваа недела, но дека се надева дека се уште има области за кои двете страни би можеле да се договорат.

-Не верувам дека ќе видиме некои големи промени во неделата што следи, изјави Блинкен за Си-Ен-Ен.

Блинкен ја предупреди Русија на опасност од „конфликт“ пред почетокот на исклучително тензичните преговори за ситуацијата во Украина, што ќе се одржат во Женева.

-Од една страна, постои дијалог и дипломатија што може да се обиде да реши некои од разликите и да избегне конфликт, изјави Блинкен за Си-Ен-Ен. А другиот начин е конфликтот и големите последици за Русија, ако таа земја прибегне кон агресија против Украина. Дадена можност да видиме кој шпат е подготвен да го избере претседателот Путин.