Независна Украина ќе постои многу подолго отколку Владимир Путин, изјави синоќа во интервју за Си-Ен-Ен американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
-Вака или онака Украина ќе остане, а Путин еднаш ќе го снема, изјави Блинкен.
Во интервјуто, државниот секретар го повика рускиот претседател да запре со војната.
-Запрете ја војната веднаш, повика тој.
Тој уште еднаш ја предупреди Кина за тешки последици ако одбере да помага на Москва во избегнување на санкциите.
-Фактот дека Кина не го осуди она што Русија го прави, самото тоа зборува многу, изјави Блинкен.