-Мислам дека за ден или два ќе бидеме подготвени да одлучиме дали Иран доаѓа на разговорите со добра волја, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Стокхолм.

„Неодамнешните потези и неодамнешната реторика не ни даваат многу причина да бидеме оптимисти“, кажа Блинкен, додавајќи дека „не е доцна Иран да го промени правецот и значително да се ангажира“.

Иран го претстави нацрт-планот за укинување на санкциите и нуклеарните обврски кон европските сили вклучени во разговорите со Техеран и Вашингтон, изјави денеска главниот ирански преговарач.

Соопштението доаѓа на четвртиот ден од разговорите во Виена меѓу Иран и САД за враќање на договорот со кој се ограничува иранската нуклеарна програма во замена за укинување на економските санкции кон САД, Европската унија и Обединетите нации.

Преговорите продолжија во понеделникот, по петмесечна пауза, делумно предизвикана од тоа што Иран доби нов, антизападен претседател, Ебрахим Раиси.