Власта во Москва ја обвинија организацијата „Меѓународен Меморијал“ за нарушување на таканаречениот закон за „странски агенти“.
-Тужбите на руските власти за затворање на „Меѓународен Меморијал“ и центарот за човекови права „Меморијал“ е уште еден напад на слободата на говорот. Русија треба да престане со судските процеси и да запре со злоупотребата на своите закони за „странски агенти“ за прогон, стигматизација и задушување на гласот на граѓанското општество, се вели во твит испратен викендов од Блинкен.
Минатата недела стана извесно дека државното обвинителство на Русија поднело тужба до Врховниот суд за ликвидација на „Меѓународен Меморијал“. Официјалната одлука на органот е заснована на тоа дека организацијата систематски ги нарушувала законите за странски агенти, со тоа што наводно не ги обележувала своите материјали согласно законот.