Од името на Соединетите Американски Држави, исраќам срдечни честитки до народот на Хрватска по повод Денот на државноста на вашата земја, порача денеска државниот секретар Ентони Блинкен.

-Како што истакнавме за време на Стратешкиот дијалог оддржан во март, САД се радуваат на натамошното продолабочување на врските меѓу нашите народи, истакна Блинкен.

Шефот на американската дипломатија се радува на зајакнувањето на трговијата и инвестициските врски, подобрување на енергетската сигурност, борбата со климатските промени и заедничката работа со посветеност на регионалните и глобалните предизивици, вклучувајќи ја и неиспровоцираната, неоправдана и претходно смислена војна на Путин против Украина.

-Во зорите на нашите дипломатски односи пред 30 години, се гордееме што стоиме до Хрватска. Се гоордееме што денеска стоиме со Хрватска како сојузници во НАТО, трансатлантски партнери и како две индивидуи силно сврзани од споделените вредности и нескршливи врски на пријателство, истакна Блинкен во честитката до хрватскиот народ по повод Денот на државноста на Хрватска.